Реконструкцијата е обична фарса, реагираат опозициските партии

ВМРО-ДПМНЕ со песимизам гледа на најавената владина реконструкција. Немаат никакви очекувања од идните нови министри. Вчера бевме сведоци на етаблирањето на апсолутизам во Македонија од страна на Заев со што се потврди дека со него наместо реформи и напредок се случува континуирано пропаѓање на перспективите и вредностите, велат од опозициската парија. За нив недозволиво е после судството, дипломатијата, тајните служби сега  и народните пари да бидат дирекно во рацете на премиерот.

Опозициските партии од албанскиот политички блок велат дека реконструкцијата е само една обична фарса која ја покажува неспособноста на владата. Според БЕСА рециклирањето на истите личности без политички капацитет дава сигнал дека оваа оваа влада нема капацитет успешно да ги спроведе реформите што се очекуваат. Алијансата на Албанците го посочи премиерот Заев за немање храборост да расчисти со неспособните и неодговорните кадри во министерствата кои ги прекршиле законите за лични придобивки.

Премиерот дефинитивно не покажа смелост да се ослободи од партиските  гангстери кои ги окупираа институциите и мислат дека владините функции им припаѓаат со наследство.Премиерот не покажа храброст да се ослободи од функционерите кои имаат афери за непотизам, велат од таму.

Единствен излез од ново настанатата ситуација за парламентарните опозициски партии се предвремени парламентрани избори.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ