
Реконструкција на влада
Разрешувањето на министерот за локална самоуправа Сухејл Фалзиу беше причина Весел Мемеди да си поднесе оставка од пратеничката функција.
Немам никакво морално право ниту пак мандат да правам политички пазар и да ги погребам надежите на чесните луѓе рече Мемеди.
Покрај Фазлиу, на листата за разрешувања беа и Хазби Лика и Драган Тевдовски, додека за Зоран Шапуриќ, Садула Дураку и Љупчо Николовски Собранието само ги констатираше оставките кои тие претходно ги дадоа.
Во своето обраќање премиерот Заев малку говореше за причините за нивното разрешување, се осврна на економските резултати на Владата на што реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Ако блеска економијата зошто се менува Тевдовски, ако земјоделството доживува ренесанса зошто се повлекува Николовски.
Единствениот излез го гледаат во предвремени парламентарни избори.
Се очекува расправата на седницата и гласањето да заврши утре до полноќ.
Јулијана Пешевска