
Реконструкција на поројот Крушевска Република
За две години поројот Крушевска Република во Струмица ќе стане шеталиште со модерна сообраќајница.
Општина Струмица на почетокот од идната година ќе почне со овој проект кој предвидува поројот да остане под шеталиштето со можност и понатаму да се чисти и одржува. Според градоначалникот Јаневески, проектантите ги предвиделе сите можни ситуации.
Жителите во овој дел од градот се се’ уште скептици дека поројот може да се покрие, бидејќи во минатото бил причина за поплави во долниот дел од градот.
Општината смета дека не треба да има грижа, бидејќи голем дел од овие проблеми се надминати со изградбата на ободниот канал кој ги опфаќа атмосферските води од горниот дел на градот, а ќе се реши и важно еколошко прашање.
Реконструкцијата на поројот Крушевска Република ќе биде во должина од околу 3 километри и ќе чини околу еден милион и триста илјади евра.
Сузана Мицева