Реконструкција на инфективно одделение во Штип

Регионалното инфективно одделение во Штип ќе се реконструира со европски пари. Проектот вреди 400.000 евра, со него од македонска страна ќе раководи Центарот за развој на источно планскиот регион, од кои по половина од средствата ќе бидат за штипската Клиничка болница и бугарската општина Гоце Делчев. Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева истакна дека овој објект ќе стане енергетски ефикасен и ќе се направи рампа за лица со попреченост.

Инфективното одделение е  проектиран за лекување на потенцијални 200.000 пациенти и по изградбата на новата болница ќе остане да функционира надвор од неа. Реконструкцијата се очекува да заврши речиси во исто време и со болницата, која доби нов рок. Неа сега ја гради грчката компанија Интеркат, а минатата година договорот со штипски Бетон го раскина.

Во меѓувреме се работи и на набавка на новата опрема за штипската Клиничка болница, која треба да биде готова до средината на наредната година.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ