
Реконструииран е новиот владин кабинет
Реконструиран е новиот владин кабинет. Речиси без замерки на биографиите, доцна синоќа Собранието ги изгласа новите министри и замници-министри.
Ренатата Десковска го презема кормилото во правда. Столчето во образование го ослободи за Арбр Адеми од ДУИ. На местото на Алаѓозоски доаѓа Асаф Адеми од Беса на Гаши, а министер без ресор стана Бардул Даути од ДПА.
Пратениците од ЛДП, која исто така е дел од владејчката коалиција, не гласаа за Даути. За нив ДПА е вирус во владата. Во МНР влегува Андреј Жерновски како заменик министер за надворешни работи. Оваа позиција во здравството ја доби Асим Муса, во труд и социјала Ѓонул Бајрактар и во транспорт Садик Беќири. Петар Атанaсов вчера не стана заменик – министер во образование, ќе го почека прво изборот на новата Државна изборна комисија.
Власта и опзицијата вчера влегоа во жестока кавга, но не околу реконструкцијата, туку за процесот на преговори за името. Од собраниската говорница со часови се слушаа прашања и обинувања на оваа тема, но не и за CV-јата на новите членови на владата на Заев. Иако, јавноста остро се противеше бизнисмен од БЕСА да ја менаџира културата, пратениците малку зборуваа за реформите во овој ресор. На парламентарното мнозинство покрај ДПА и Беса на Гаши, му се придружи и Сојузот на Ромите.