
Рекет продолжува со сведочењето на Фетаи, адвокати бараат од Судски совет да запрат судењата
Обвинителката Фатиме Фетаи денеска сведочи на судењето за Рекет. Но судењето е затворено за јавност на барање на одбраната која потнецираше дека може да се изнеат информации кои се деловна тајна од истраги и предистради што се водеа во СЈО. Вчера сведочеше обвинителот Гаврил Бубевски за денеска е повикан и обвинителот Трајче Пеливанов а Катица Јанева предложи и други поранешни колеги од СЈО.
Овој предмет во кој обвинети се Бојан Јовановски кој е во затворски притвор и Катица јанева која е во домашен притвор е од групата итни и неодложни предмети кои по прпеораките од владата и судскиот совет се одржуваат и додека трае вонредната состојба. Во кривичен перидов се закажани рочишта за 300 предмети,
Адвокатот Јовица Страшевкси, познат во јавноста и по предметот ТНТ каде го брани екс градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, испрати јавен апел до Судскиот совет во кој потенцира дека скопскиот Кривичен суд во време на пандемија работи како да е тоа најважна работа без која не може да опстане државата.
– Додека Вие за Вас си донесовте одлука да доаѓате на работа на смени т.е максимум двајца членови на Судски совет да доаѓаат на работа и секојдневно да ротирате и додека пола од администрацијата воопшто не доаѓа на работа како заштита од корона вирусот ние адвокатите заедно со судиите, обвинителите, обвинетите но и вработените во судот, медиумите,невладиниот сектор,затворската полиција, судската полиција сме постојано изложени на ризик во судници каде некогаш се наоѓаме и по 30 но и повеќе луѓе, пишува Страшевски
Тој е дел од групата од 70 тина адвокати кои во средата обвинија дека им се загрозува правото на живот и здравјето. Побараа одлгање на судењата и предложија да се донесе уредба со која во мегувреме нема да течат процесните рокови и оние за застарување со што предметите потоа ќе може да продолжат таму кај што застанале.
Од кривчен им одговорија дека адвокатите манипулираат со јавноста дека дневно има закажано по 10 роишта од кои тое со повеќе обвинети се одржуваат во поголемите судници, дека судот редовно се дезинфицира, се мери температура со безконтактен уред на секој кој влегува во зградата, се користат медицински маски и стерилни ракавици и фреквенцијата на луѓе е сведена на минимум.