
Река: Резултатот на денешните избори ги надмина нашите очекувања
Резултатот на денешните избори ги надмина нашите очекувања, истакна Блерим Река.
- Во сите општини со доминантно албанско гласање победив со размер од 3:1, а освоив гласови и во сите општини каде има македонско мнозинство, рече Река.
Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, рече дека тие како опозициска партија побарале предвремените парламентарни избори да се одржат заедно со претседателските, но тоа не го дозволил коалицискиот партнер од албанскиот блок на премиерот Заев.