Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче

Изборните штабови на претседателските кандидати ветуваат дека од први април ќе водат европска кампања и дека до тогаш ќе се воздржуваат од предвремени изборни активности. Блерим Река, пред чие име на гласачкото ливче ќе стои редниот број 1. „Еден како една република за сите“, велат од Изборниот штаб.

Пред името на Гордана Силјановска-Давкова  ќе стои редниот број два. Од нејзиниот изборен штаб тоа го толкуваат како знак за победа во двата круга.

Жрепката го постави Стево Пендаровски под број 3. Неговиот штаб очекува сите учесници да водат фер и европска кампања.

Членовите на ДИК  ги потсетија кандидатите и нивните штабови дека до први април не смеат да организираат јавно собирање, да истакнуваат плакати, да делат печатен изборен материјал или да прават презентации на кандидатите и на нивните програми.

Изборната кампања почнува на први април и трае 20 дена. Доколку ниту еден кандидат не освои 900 илјади гласови, на 5 мај ќе има втор круг со двајца кандидати. Тие ќе ги задржат редните броеви на новото гласачко ливче, а победува кандидатот со повеќе гласови, доколку излезат на гласање најмалку 720 илјади гласачи.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ