
Река прв поднесе кандидатура, до утре на полноќ и Пендаровски и Силјановска
Тројца кандидати за претседател ги собраа потписите, но го чекаат крајниот рок за поднесување на кандидатурата до ДИК за да добијат уште некој ден за средби со граѓани.
Досега само Блерим Река од Алијансата за Албанците и Беса поднесе официјална кандидатура. Утре на полноќ истекува рокот во кој треба да се поднесат кандидатурите, а освен Река, условите ги исполнуваат и Стево Пендаровски и Гордана Силјановска – Давкова.
Официјалната изборна кампања треба да почне на 1 април, а дотогаш кандидатите можат да имаат средби со граѓаните. Потписи собираа и Димче Петровски, Филип Петровски, Јосиф Петровски и Господин Поповски, а Амди Бајрам се откажа, откако СДСМ го објавија Пендаровски за кандидат за претседател. Од понатамошно учество се откажа и единствениот пријавен кандидат за претседател на повикот на СДСМ, Ѓорѓи Филипов.