
Реисот Сулејман Реџепи не дојде на сослушување во ЈО
Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи вчера не дошол во канцеларијата на обвинителката за сослушување.
Од скопското обвинителство ни потврдија дека го чекаат повторно на нов датум до крајот на месецот кога ќе треба да одговори на прашањата поврзани со кривчната пријава на Хелсиншкиот комитет дека ширел говор на омраза.
Од кабинетот на Реисот за Телма одговорија дека тој не добил покана од обвинителството ниту за вчерашаниот термин ниту за следниот.
Од скопското обвинителство пак се уште не добиле известување дали Реџепи ја примил поканата но пред неколку дена велат лично го известиле неговиот адвокат но и тој не се појавил во обвинителството.
Адвокатот Радован Чешмаџиски не сакаше воопшто да разговара на оваа тема, дали му пренесол на Реџепи дека го чекаат во обвинителството или други детали поврзани со оваа предистрага.
Кусо ни одговори дека не може ништо да ни каже бидејки немал овластување.
Хелсиншки му поднесе кривична пријавва на поглаварот на ИВЗ, поради говорот на поставување на камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија каде меѓу другото рекол: “Можете да видите со каква дива животиња народ живееме, затоа немаат идентитет и нема никогаш да имаат”.
Реисот се обратил до присутните верници со зборови кои предизвикуваат омраза, раздор, нетрпеливост и исмејување на македонскиот народ сметаат од Хелсиншки и порачаа дека користењето говор на омраза од страна на вршител на висока верска функција и човек со големо влијание во јавноста е особено опасно и недозволиво.
Од ИВЗ за медиумите тврдеа дека изјавата на реисот била извадена од контекст и дека тој не го навредил македонскиот народ.
Елена Ивановска Мукоска