
Регулаторна: Цената на нов приклучок паѓа на 370 евра, исклучените ќе плаќаат 440 денари за пак да добијат струја
Граѓаните кои ЕВН ги исклучила поради неплатени сметки, наместо над 1.700 денари за повторен приклучок или 2.500 за веднаш да добијат струја, сега ќе плаќаат по 440 денари.
Од денеска 370 евра ќе чини нов приклучок за струја, наместо 500 евра како до сега. Двоењето пак на броилата како и приклучокот од монофазна на трофазна од 500 се намалува на 200 евра. Регулаторна го донесе новиот ценовник за прикучоци и трошковникот кој го одобри на ЕВН.
Велат целта е да се намалат трошоците на граѓаните, но и на ранливите категории кои најчесто заглавувале со сметките за струја.
„Значи обично ова се ранливи категории на потрошувачи и се соочуваат со проблеми при плаќањето и не сакаме парите кои што се реално за да ја платат услугата односно електричната енергија која што ја добиле да им го зголемуваме и трошокот за повторни приклучоци. – изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Бислимоски вели ја исправиле и неправдата за граѓаните во општините каде не се донесени Деталните урбанистички планови, на кои ЕВН за нов приклучок им наплаќала над 2.000 евра
„Со новите мрежни правила за дистрибуција имајќи во предвид дека граѓаните не се виновни за инертноста на општините РКЕ го зголеми опфатот на домаќинствата кои што ќе се стекнат со стандарден приклучок Значи повеќе ќе нема нестрандардни приклучоци кои што изнесуваат повеќе од 2.000 евра.- изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Цената на водата за Скопјани останува иста. А се чека да се произнесат Јавното станбено претпријатие и БЕГ дали Градски Енергетски Системи ќе може да ја преземе лиценцата од БЕГза дистрибуција на топлинска енергија за скопјани.
Александра Филиповска