Регулаторна со новиот правилник „удри“ по трговците со нафта

Регулаторна комисија за енергетика со новиот правилник за цените на нафтените дривати практично ги намали и маржата на трговците со нафта кои сама им ги определи и дозволи.  Бурни реакции од компаниите предизвикаа новите правила со кои излегува дека тие од свој џеб треба да платат поскапо за набавката на горивата од цените кои им ги признава Регулаторна.

„Со примена на новите густини за нафтените деривати и горива за транспорт, признаените набавни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од страна на РКЕ се пониски од реално набавните цени за трговците, што предизвикува значителни загуби во работењето. Нејасно од кои причини и врз основа на кои податоци и извори, РКЕ, од донесувањето на споменатиот Правилник во мај 2019 година, до сега трипати ги менуваше густините на нафтените деривати и горивата за транспорт.“- велат од Макпетрол.

Од компанијата појаснуваат дека до сега на Регулаторна многу пати им презентирале релевантни документи меѓу кои и Правилниците со кои се утврдени густините на горивата во државите од регионот. Велат ако не се  измени правилилникот ќе мора да преземат сериозни мерки кои може да резултираат со нарушување на стабилноста на пазарот.

„Доколку членовите на РКЕ, од кои ниту еден член нема претходно искуство, ниту какво било познавање на пазарот со нафтени деривати и горива за транспорт, не го сменат својот личен став во однос на густините и не пристапат кон измена на предметниот Правилник со цел да предвидат  густини за нафтените деривати и горива за транспорт коишто се применуваат во државава и во регионот, „Макпетрол“ АД Скопје ќе биде приморан да преземе сериозни мерки,  кои, за жал, ќе резултираат со нарушување на стабилноста на нафтениот пазар во нашата држава.“- велат од „Макпетрол“.

Но надлежните институции се скараа врз база на кои податоци ги пропишуваат густините. Од РКЕ велат податоците за густина на нафтените дерифати ги добиле од Царина. Но, ги добиле и добиле забелешките на компаните и сега анализираат дали пак ќе го менуваат правилникот.

Од Царина пак велат дека тие не пресметуваат густина, дека тоа сама го прави Регулаторна.

Од Министерството за економија велат дека со новиот закон за енергетика и Методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати, надлежна за утврдување на квалитетот на горивата е Регулаторна.

И додека институциите анализираат кој го направил пропустот, трговците со нафта се децидни дека пазарот со нафтени деривати во земајва мора да се либерализира по примерот на земјите од Европа и регионот.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ