Регистар на вистински сопственици како алатка против прикриените газди

Кој навистина стои зад фирмата и кој е основач и сопственик ќе открива регистарот на вистински сопственици кој треба да стартува до крајот на годинава.

Со овој регистар ќе треба да се искристализира сликата на сопствеништвото во бизнис секторот во Македонија а надлежните се надаваат дека ќе придонесе за зголемување на сигурноста во правниот промет во земјата.

Во овој регистар сопствениците на фирмите ќе мора да ги внесат податоците за сопствеништво во сите правни субјекти во државата но и во странство – првенствено офшор фирмите.

Овој регистар ќе важи за новоотворените правни субјекти.

Кога станува збор за веќе постоечките фирми, газдите и понатаму ќе можат да останат прикриени бидејќи податоците во регистарот на вистински сопственици ќе мора да се внесат само доколку има промена во сопственичкиот удел.

Од Централниот регистар соопштија дека процедурата на регистрација на новите фирми е олеснета, нема да се наплаќа а како регистрациони агенти ќе бидат вклучени нотарите и проценителите.

Според официјалните податоци на централниот регистар минатата година се основани 7.378 нови фирми а годинава таа бројка е 2.637.

Во истиот прериод 3.200 фирми биле избришани од регистарот по основ на ликвидација или стечај.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ