Реформските закони се носат со полна пареа

Набиени агенди, чести координации, неусогласени ставови, долги паузи. Пратениците во трка да ги стасааат роковите и час поскоро да ги усвојат реформските закони од областа на судството. Опозицијата реагира на доцнењето при доставувањето на предложените закони и неприфаќањето на нивните забелешки. Четири закони се ставени со европско знаменце, за судовите, за судскиот совет, за управните спорови и за прекршоците.

Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска обвини дека опозицијата сака да го блокира процесот на што реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Дескоска тврди дека сите закони се усогласени со Венецијанската комисија и нема потреба од какви било интервенции во содржината.

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги подржат реформските закони и ќе предложат амандмани за изборот и унапредувањето на судиите и дисциплинската одговорност.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ