40 проценти од законите за тајните служби ќе се преправат, но нема амандман за големите надлежности на премиерот

Околу деведесет амандмани се подготвени за двата реформски закони за тајните служби кои утре ќе ги разгледува комисијата за одбрана и безбедност, потврдија за Телма од собраниската комисија. Двата закони за агенција за агенција за национална безбедност и за координација за разузнавчката заедница имаат вкупно 217 членови што значи дека промена ќе претрпат околу 40 проценти од предложените одредби.

Сепак во најголемата забелешка, големите овластувања кои ги добива премиерот не е интервенирано, односно останува премиерот да го предлага директорот на новата реформирана УБК, владата да го избира, а претседателот на владата ќе го раководи и телото за координација на разузнавачката заедница составено од сите директори на тајни служби и ресорни министри.

Во координацијата нема да учествува претставник на претседателот на државата затоа што обајснувањето е дека координативното тело е за оперативни активности, а претседателот го води стратетшкиот Совет на безбедност. Но експертите сметаат дека ново-предложеното тело за координација може да се толкува како пандан на советот за безбедност и дека тоа тело треба добро да се обмисли.

Од друга страна и новиот претседател Пендаровски уште во кампањата првично најави дека нема да потпише закон со кој на претседателот му се одземаат ингеренции во разузнавањето и безбедноста. Но двата закони допрва треба да се изгласаат.

Тие предвидуваат наместо УБК да се формира ново тело, Агенција за национална безбедност која ќе биде издвоена од МВР. Законот предлага новата агенција да може во итни случаи да користи и сопствена тактична опрема за следење и да ја прескокне ОТА во таа операција, што исто така предизвикува загриженост во експертската јавност. Во реформскиот процес е договорено и да се донесе и сосема нов и во детали прецизен закон за парламентарен надзор врз тајните служби.

Кај нас собраниската комисија за надзор на тајните служби ја води Трајко Вељановски, а седница нема подолг период откако поранешниот спикер беше осомничен за организација на крвавиот четврток. Вењановски за во четврток закажа седница за да бидат разгледани извештаите за работа на тајните служби, меѓу кои е последниот таков извештај поднесен од УБК која наскоро ќе биде заменета со новата АГенција за национална безбедност.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ