Реформите во безбедноста клучни за ЕУ интергациите

Интеграцијата на државите од Западниот Балкан во ЕУ е најефикасниот начин и најдобра алатка за соработка и борба против организираниот криминал заклучија претсавниците на министерствата за внатрешни работи на државите од западен балкан на денешниот состанок на  Управната група за преземени обврски за безбедност во рамки на Берлинскиот процес. Пред присутните се обрати минстерот Оливер Спасовски кој нагласи дека предизвиците со кои се соочува Западен Балкан се истите предизвици со кои се соочува и Унијата.

Тој додаде македонија го испорача бараното и ги спроведе реформите во безбедносниот сектор кои беа услов за влез во Унијата со формирањето на ОТА и со законите за Агенција за национална безбедност и Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјава.

Состанокот на Управната група која беше формирана минатата година токму во нашата држава е организиран од Британското МНР, ќе трае два дена и на неа ќе се дискутира за подобрување на размената на информации во и зајакнување на регионалната соработка во борбата против тежок криминал. Она што е клучно е што експертите од Групата ќе направат проценка на безбедносната состојба во регионот и ќе ги детектираат евентуалните нови закани.

Според предвидената агенда, наредниот месец во полскиот град Познањ ќе се состанат премиерите на државите од Западен Балкан. Ова ќе биде пета средба а на неа се очекува да се разгопвара за безбеднопсната агенда која произлегува од берлинскиот процес.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ