
Референт во СОЗР бесплатно дал девет сим картички
Референт во СОЗР бесправно дал девет сим картички со што го оштетил буџетот за два милиони денари. Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното скопско Основно јавно обвинителство, вчера поднесе кривична пријава против 51-годишниот С. П. од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, со што го оштетил буџетот на службата за општи и заеднички работи во Владата на РМ за за повеќе од два миолиони денари. Тој период мај 2012 до август 2017 година, на непознати лица дал на користење девет сим картички, сопственост на СОЗР, без притоа да подготви и потпише реверси за задолжување.
„Кога фактурите од македонски Телеком пристигнале за наплата тој своерачно се потпишал и ставил печат дека е извршена контрола и дека нема забелешки“, стои во соопштението.