Референдумското прашање треба да биде кратко и јасно, интервју на Шкариќ за Телма

Референдумското прашање треба да го состои називот на договорот со Грција, смета професорот Светомир Шкариќ. Иако станува збор за долг назив, професорот Шкариќ смета дека секој граѓанин што ќе го земе референдумското ливче во раката ќе разбере дека договорот произлегува од резолуциите на ООН, ќе види дека во фокусот на референдумот е името, дека престанува да важи привремената спогодба, Македонија ќе добие трајно име и на крај ќе види дека станува збор за стратегиско партнерство со нашиот најважен сосед.

„Тој од 1991 година беше полесен референдум отколку овој, но разликата ќе биде во тоа што тогаш излезноста беше над 76 %, значи цензусот не беше проблем. Сега ќе биде проблем цензусот ако предлагачите на референдумот не покажат поголема активност и не се потрудат договорот од Преспа, со сите свои елементи да не го сфатат сите гласачи, ако не се образложи со сите свои детали, тогаш цензусот ќе биде проблем“, вели професорот Шкариќ.

Не смее да се дозволи сличноста со референдумот од 1991 година, дециден е професорот. Тогаш вели Шкариќ, референдумското прашање всушност се состоеше од две прашања и второто прашање беше поставено со цел да помине првото.

Промените на Уставот, како што е предвидено во договорот да бидат брзи и неотповикливи и ќе имаат важност за сите времиња а тоа според професорот ги прави промените многу чуствителни, а најчуствителна од сите ќе биде интервенцијата во преамбулата. Токму во таа интервенција ќе има проблеми затоа што таа е во тесна врска со Рамковниот договор и ќе бидат потребни консултации со албанската заедница.

На крај професорот оценува дека договорот со Грција е добар, во него не се оспорува македонскиот идентитет туку напротив таму се забележува националноста Македонци и иако некои тоа го разбираат само како државјанство, но тоа може да се толкува и како етничка припадност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ