Референдумското изјаснување во Источна Македонија без проблеми

Во источна Македонија најголема излезноста на гласачките места има во Берово, каде што до 17 часот гласале 29,95% од вкупниот број на избирачи, а по него следуават Пехчево и Делчево. Најмала излезноста повторно во 17 часот има во руралните општини. Во најамалата општина Зрновци гласале 16.07 % од 2558 гласачи на четири избирачки места.

Од Општинската изборна комисија во Штип велат дека референдумското изјаснување на 77 избирачки места оди без проблеми.

Според информациите на СВР-Штип денеска имале мирен референдумски ден, единство што утринава е регистриран инцидентот со фотографирање на избирачките места кај учелиштето Ванчо Прќе.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ