Референдумот зависи од изборот на ДИК

Членовите на  ДИК треба час поскоро да се изберат, зошто во спротивно ќе се доведе во прашање организирањето на референдумот, вели министерката за правда Рената Тренеска Дескоска. Потребен е договор а не условувања.

СДСМ повторно го повика ВМРО-ДПМНЕ да не го опструира референдумот а претстедателот на  Комиисјата за избори и именувања Илија Димовски да ја закаже седницата.

И покрај апелите ВМРО-ДПМНЕ не отстапува. Прво да се донесат законите за финасирање на политички партии и за Влада па дури потоа да се избере ДИК.

За ДУИ најголем приоритет во моментов е изборот на ДИК.

Иницијатива за средба на работните групи нема. Се се сведува само на изјави и обвинувања насочени еден кон друг. Роковите течат, 17 јули е крајниот термин до кога Собранието треба да го избере ДИК кој ќе биде со шестмесечен мандат.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ