
За Македонците, Турција најголем пријател – за Грците најголем непријател
Речиси половина од Македонците не веруваат дека постои држава или меѓународна организација која претставува закана за државата, а од оние кои го мислат спротувното, најголемиот број, или 30 %, веруваат дека најголемата закана доаѓа од Гrција. Потоа следуваат Албанија и Косово. На истото прашање анкетираните во Грција одговориле дека на врвот на листата на непријатели е Турција. Закана од Maкедонија препознаваат само 2,5% од Грците.
Според анкетното истражување во Грција најголема закана за нив е Турција. Од друга страна Мaкедонците токму во оваа држава препознаваат најголем пријател. Потоа следуваат Србија, Русија , Германија. Прашањето дали е многу важен или неважен проблемот кој Грција го има со нашето уставно име, речиси 43% од Мaкедонците одговориле дека за нив лично е многу важно.
Вакa одговор дале 65 проценти од анкетираните Грци. Речиси подеднакви се процентите на одговорот на прашањето колку е важно веднаш да се изнајде решение за спорот со името, односно за опцијата – многу важно, се изјасниле 53% од анкетираните во Македонија, односно 44 одсто во Грција.
Речиси 68 проценти од анкетираните во Македонија не патувале во Грција во последните 3 години. Најголемиот број од оние кои ја посетиле оваа држава биле на годишен одммор, шопинг, викенд одмор.
Сања Јовановиќ Дамјановска