Ребалансот на буџетот од утре пред пратениците- градоналниците очекуваат финансиска инјекција

Предложениот ребаланс на буџетот од утре ќе го разгледуваат пратениците. Откако се отвори Уставот, почна дебатата за национално помирување, во полниот собраниски распоред-бргу ќе мора да се помине ребалансот на актуелниот буџет кој е за околу 18 милиони евра помал за да не се преклопи расправата со онаа за новиот буџет за наредната година кој во Собранието мора да стигне најдоцна до 15-ти ноември.

Министерот не открива многу детали за буџетот за 2019-та, освен дека е во завршна фаза на подготовка, не откри ниту колкав ќе биде ниту што ќе се прави со капиталните инвестиции кои се планираат, а никако не се остваруваат. Тоа се случи и оваа година, па парите предвидени за капитални инвестиции, ќе се пренасочат кон други потфати, а 50 милиони евра ќе бидат дадени на општините за да ги сервисираат старите заостанати долгови. Општинарите со години се заборавале и се опуштиле многу повеќе од нивното финансиско „черге“. Сега никој не одговара пред законот за долговите, а тие ќе се платат од централната каса. Министрите велат дека треба одговорност, но тоа било проблем за надлежните кои вршат истраги.

Градоначалниците присутни на прес-конференцијата за долговите ги обвинија претходниците, за финансиската инекција од народните пари ја пофалија владата, но реагираа зошто сите мислат дека народот им ги враќа долговите на општините и комуналните претпријатија.

И додека централната и локалната власт разговараат на таа тема (фискална децентрализација), владата прво реши законски да ги ограничи високите општински буџети кои не се реални, трупаат долгови за кои никој не одговара и на крај повторно ги плаќаат граѓаните.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ