
Реализирани 17 од најавените 18 км пат до Попова Шапка
Од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка бараат итно завршување на проектот, пред да настапи зимата, но и остварување на ветувањето на владините преставници дека пред самиот влез на Попова Шапка ќе се прошири патот каде ќе се паркираат возилата за време на сезоната.
Директорот на Агенцијата за државни патишта Зоран Китанов, изјави дека делницата не била реконструирана наеднаш, затоа што бил потрошен материјалот за асвалтирање на патот каде на некои места бил поширок од предвиденото. Посочи дека делницата ќе се доврши, а проширување на делницата за паркинг нема да има.
Изјавата Китанов ја даде во четвртокот. Но и по неколку дена од неговото ветување за довршување на проектот денеска на терен нема никакви градежни активности за асвалтирање на делницата.
Во катастрофална состојба се наоѓа и сообраќајната инфрастурктура во викенд населбата на Попова Шапка, која е под ингеренции на локалната власт. Таму не е регулирана ниту атмосферската ниту пак фекалната канализација.
Зоран Димовски