Реал обезбеди голема предност во Минхен

Реал Мадрид оствари голема предност откако обезбеди триумф во Минхен кај Баерн од 2:1 во првиот меч од второто полуфинале во фудбалската Лига на шампиони.

На „Алијанц“ арената домашниот тим го отвори резултат преку Џошуа Кимих во 28 минута. Една минута пред одморот Марсело, обезбеди израмнување на 1:1. Бразилецот го постигна седмиот гол и се запиша во историјата откако стана најефикасниот дефанзивец во нокаут фазата од Елитната лига, престигнувајќи го капитенот на Реал, Серхио Рамоз, кој има шест.

Во второто полувреме Марко Асенсио го комплетираше пресвртот во Минхен и го постави конечниот резултат со погодок во 57 минута.

На Сантијаго Бернабе во Мадрид на први мај е закажан реваншот на кој европскиот првак ќе има голема можност да го потврди резултатот за ново финале трето во последните три години.

За второто место ќе се борат Рома и Ливерпул, кој има предност од 5 – 2 за реваншот во Рим на втори мај.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ