
Реакции за консензуален претседател
ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од заеднички претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ. Убедени се дека професорката Гордана Силјановска ќе победи на изборите. Како крајно несериозен потег го оценуваат внатрепартискиот оглас на владејачката партија, за кој велат нема да има никаков ефект при изборот на консензуален кандидат за претседател.
И останатите партии на Албанците отпочнуваат со преговори за претседателски кандидат. ДПА најави дека ќе го подржи канидатот на власта, Алијансата на Албанците и Беса на Касами ќе настапат со свој кандидат, додека Алтернатива, новото име на партијата што ја предводи Африм Гаши ќе избере една од трите опции.
Партиите на Албанците очекуваат преговорите да се интензивираат во наредниот период а наредната недела да се излезе со конечен став дaли ќе подржат консензуален кандидатаили ќе настапат со свој.
Јулијана Пешевска