Реакции по потпишувањето на протоколот за членство во НАТО

„Ова е голем историски ден за сите наши граѓани“, вака Премиерот Зоран Заев им го честиташе на граѓаните потпишувањето на протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Денес најголемиот безбедносен сојуз на светот, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса ,во иста алијанса, вели Заев порачувајќи дека во наредниот период ќе се живее подобро, во земја и регион кои зрачат со надеж.

Среќни сме, и треба да бидеме, бидејќи обезбедивме трајна стабилност за нашата земја. Обезбедивме сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи, порача Заев.

Владиниот партнер на СДСМ, ДУИ очекува во наредниот период да се засилат реформите и да се отвори пат за развој на економијата.

ВМРО-ДПМНЕ го подржува потпишувањето на протоколот за НАТО, но остануваат на ставот дека Премиерот Заев тоа го сторил на недостоинствен начин.

Подршка со пораки за натамошен успех и развој дадоа и останатите парламентарни партии.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ