Реакции околу замислата УЈП 24 часа да ги следи сметките на секој граѓанин

Предлог измените во законот за банки за 24-часовен увид во сметките предизвика бура од реакции кај граѓаните. Банките каде што без малку секој има трансакциска сметка преку викендот мируваат, а коментарите осамнаа на социјалните мрежи.

Најчесто поставувано прашање е  дали државата има потреба од ваков чекор бидејќи истражните органи и претходно имале можност да истражуваат криминал во сметките. Доколку измените стапат на сила даночните обврзници нема да пополнуваат пријави, но затоа ќе ја загубат привлегијата на на банкарската тајна.

Според познавачите на даночната област, управата за јавни приходи автоматското пополнување годишна пријава го користи како изговор за да оствари увид до сметките на кои се слеваат пари од странство.

Хартија може да се уништи, но не и дигитален запис, тврди Рафајловски. Уште посериозно е прашањето кои ќе бидат тие вработени што ќе имаат пристап во секое време до сметките на било кој граѓанин.

Прашањето на безбедноста на личните податоци УЈП го брани со набавка на квалитетна опрема и софтер за управување, но и обучена група вработени.

Експертите не ја отфрлаат потребата од дигитализирање на институциите, но доколку се случи и една злоупотреба или скандал процесот може да се закочи. Македонската јавност во минатото беше сведок на протекување лични  информации за поединци од управата за јавни приходи, а дел до тие информации беа споделувани и коментирани и на социјалните мрежи без никава одговорност и претходна истрага за вработени во управата.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ