Разведени родители бараат заедничко родителство на децата после разводот

Кога двајца родители се разведуваат системот во 95% од случаите го дискриминира едниот од нив. Ова го тврди Наум Рибароски од Иницијативата за заедничко родителство по развод. Тој и самиот е разведен од првиот брак, а сега во Собрание се бори за законски измени и за еднакво родителство. Вели „имаме закон од 19 век, а живееме во 21 век.“

Иако некои од родителите покренаа иницијатива и предложија нов текст на Законот – истиот наиде на критика. Психолози присутни на дебатата негодуваа затоа што истиот не предвидува третирање на сите засегнати по големиот психолошки удар како еден пропаднат брак.

Народниот правобранител будно ја следи состојбата со разводите и исполнувањето на детските права во такви ситуации. Затоа тие ја поддржаа и одбранија идејата за законски измени.

Во канцеларијата на Народниот правобранител нотирале дека контактите коишто детето ги одржува со родителот со кого не живее, најчесто зависат од другиот родител и тука Центрите за социјална работа не вршат доволно мониторинг.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ