Разрешување и истрага за директорката на охридска болница после непримањето на пациентката почината од корона

Синоќа на распит како сведок и оштетен во полициската станица во Струга бил повикан зетот на 66-годишната стружанка почината од корона откако не била примена во охридската болница. -Им кажав дека не не примија и покрај упатот и дека ни викаа да чекаме позитивен тест, ни изјави телефонски сведокот. Обвинителството потврди дека се почнати истражните постапки за да се утврди зошто болницата не ја примила жената со влошена состојба која подоцна почина во својот дом во струшко Горно Татеш. Ќе се бараат документи и известувања од лекарските служби. Матичниот лекар на починатата не сакаше ништо да коментира, а не успеавме телефонски да ја добиеме ниту Снежана Малеска директорка на болницата во Охрид. Само неколку минути по обидот да ја контактираме, беше објавено дека Малеска веќе не е директорка.

За однесувањето на болницата во Охрид јавно се пожали и итната помош од Лабуништа која ноќта петокот кон саботата носела пациентка од ова село во Охрид, но била препратена во Скопје иако немале боци со кислород за  безбеден транспорт. Преку соопштение се пожалија дека пациентката со отежнато дишење три часа чекала во амбулантното возило. Во Струга денеска се регистрирани уште два нови случаи, со што бројката се покачи на вкупно 5 заразени, додека во Охрид се потврдени тројца заболени од корона вирусот.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ