Разрешено цело раководство на СДСМ, остануваат Заев и Шекеринска

Од сите градови, и со загрижени лица пристигаа највиоските партиски функционери во седиштето на СДСМ. Салата ги собра сите 117 членови на надзорниот одбор, а претседателот на партијата кој пристигнал порано ги дочека со „метлата“.

По четири часа седница зад затворени врати, и без расправии едногласно Централниот одбор го изгласал предлогот на лидерот Заев „отказ“ да добие и целиот Извршен одбор, второ највисоко тело во партијата. Тој не поднел оставка, ниту пак некговата партиска заменичка Радмила Шекеринска. Додека сите добиваа црвени картони во партијата, од зад Заев ќе истапи довчерашниот минситер за земјоделство кој бил предложен и изгласан за да го замени Александар Кирацовски на позицијата Генерелан секретар. Според, Заев тоа е привилегија, а за Николовски нова обврска за реформирање на партијата.

Дека утрото е помудро од ноќтта говорат и реакциите на разрешените партиски функционери кои со ниту еден збор не ја критикуваат одлуката на лидерот Заев. Пратеничката и довчерашна потпретседателка на партијата им заблогадари на Шекеринска и Заев.

Донесените одлуки се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата !Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: „Одговорност мора да има” и „Никогаш да не се повтори!”, напиша Ременски.

Синоќа дојде, но одмолчи дека ќе дава оставка. Денеска скопскиот градоначалник, вели дека ова се првите подготовки за идните парламентарни избори.

Човекот кој постојано беше споменувам во скандали за непотизам и вработувања на блиски роднини во државни претпријатија се огласи на социјалните мрежи. Но, и тој нема забелешки за неговата смена за која вели не е разрешување, туку оставка.

Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро и само во партија каде што има висока свест, демократска култура, другарство, визија, заемна доверба, во еден ден, едногласно можат да се донесат крупни одлуки на кадровски промени, напиша Кирацовски.

Уште синоќа Заев ќе заклучи дека промените доаѓаат по сигналот испратен од гласачите на претседателски избори. Најави и владина „метла“ за уште најмалку тројца министри, а нема да куртулат и директори на јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сосптвеност.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ