Разногласие во ВМРО-ДПМНЕ за референдумот

Додека опозициската ВМРО ДПМНЕ се` уште гради став околу референдумот, дел од раководните структури излегуваат со различни ставови во јавност. Членот на извршниот комитет на партијата, Костадин Богданов, на Фејсбук напиша дека е против бојкот на референдумот.

Овој негов став им се допаѓа и на неговите колеги Петар Богојески и Александар Михајлоски, кои се познати во јавноста како реформатори на ВМРО-ДПМНЕ, кои бараа демократизација на партијата, а дел од нив подоцна му се приклучија на новото раководство.

Спротивно од нив, пратеникот Антонијо Милошоски веќе се изјасни за бојкот.

За ова разногласие, од партијата велат дека, секој има право на свое мислење.

Во однос на референдумот, од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека конечна одлука партиските органи ќе донесат деновиве.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ