
Членовите на ДИК бараат седница, Деркоски не закажува без да го добие решението од Талат Џафери
Денеска нема да се одржи седница на ДИК на која требаше да се утврдат понатамошните изборни дејствија. Четворица членови, откако Деркоски не свика седница веќе испратија барање да ја закаже седницта, која требаше да се одржи денеска согласно Уредбата на Владата, со која изборните дејствија треба да продолжат каде што застанале.
Но, велат недостапни цел ден се и претседателот и заменичката, кои според деловникот се единствените кои можат да свикаат и водат седница на ДИК. „Телма“ го доби и Деркоски кој пак е дома во Прилеп.
Вели нема да постапи по Уредбата на Владата, туку по Изборниот законик и ќе го чека решението од претседателот на Собранието со датум за избори. Од Претседателот на Собранието пак Талат Џафери се уште нема одговор дали и кога би го преиначил решението за распишување на изборите.