
Разговор меѓу Мијалков и Тачи за изборни манипулации пуштен во судница
Не примам наредби од никого рече поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими во судница а за да го поткрепи ова тврдење раскажа и случај од времето кога служел војска. Со ова го негираше обивнението за „Титаник 2“ дека по барање на лидерот на ДПА Тачи гласал да се прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за Струмица на локалните избори во 2013 година.
Оваа реакција на Ибраими следуваше откако еден час во судница се слушаше снимка од жестоката расправа мегу членовите на ДИК од седницата посветена на приговорот за Струмица. Дел од обвинетите поранешни членови на ДИК коментираа дека снимката не е докажува дека сториле нешто незаконски, екс шефот наа УБК Мијалков рече дека е добро што се слушнала снимката. Фатиме пак одговори дека преку дискусијата на седницата се покажало дека Ибраими го променил ставот. Тој ова го негираше и постави прашање
„Дали прислушкуваните разговори се незаконски? Ако не добијам одговор овде има меѓнародни институции каде ќе ги постапивме овие прашања, па ќе видиме на крај кој ќе излезе со крената глава од оваа судница“, порача Ибраими.
Пред судот не сакаше да коментира ништо.
Лидерот на ДПА Тачи побара целата снимка да биде писмено преведена на албански јазик а предметот го нарече политички. Изјава не сакаа да дадат.
На снимката дел од членовите тврдеа дека треба да има прегласување затоа што фали едно ливче и други пак не се согласуваа со образложението дека за да има основ за поништување на гласањето треба да има има ливче повеќе. Дебатата заврши со гласање 4 наспроти три за да се поништи гласањето.
На денешното рочиште се слушаа и двете веќе објавени бомби со кои СЈО го поткрепува обвинението.
СЈО за следното рочиште ги предложи за сведоци поранешните членови на ДИК Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи, Ибраими пак најави дека и тој ке предложи за сведоци лица кои му вршеле притисок како да гласа.
Утрово во исто време пред кривичен беа Мијалков и Бошковски. Двајцата во иста судница како обвинет и оштетен се на судењето за „Тортура“ но денеска едниот влегуваше на судењето за „Титаник 2“ другиот за „Ровер“. По завшрување на судењето пред Мијалков да излезе од судот во него влезе екс премиерот Никола Груевски кој секој петок се пријавува во судот.
Елена Ивановска Мукоска