Разединетата БЕСА ќе добие две канцеларии во Тетово

Скопското крило на БЕСА вечерва ќе отвори канцеларија во Тетово, со што оваа  партија ќе поседува две седишта. Од новото седиште ќе делува Неџбедин Каремани, чии поддржувачи го сметаат за единствениот легитимен претседател на партијата, откако беше назначен за вршител на должноста на оваа позиција до Конгресот предвиден за 24 февруари.

Од овие институции се уште нема одговор за нивното барање. Не очекуваат дека при отворањето на канцеларијата ќе има немири, и покрај тоа што полицијата веќе интервенираше во меѓупартиските судири.

Деновиве имаше и протести пред куќата на Каремани, од кого се бараше и да ја напушти пратеничката функција, затоа што дејствувал спротивно на партискиот статут. На негова страна застанаа и пратениците Африм Гаши и Реџеп Мемеди, додека Фадиљ Зендели и Теута Биљали му останаа верни на Касами.

Тој, пак, исто така се смета за претседател на партијата, како што самиот изјави, и „де факто и де јуре“. Нагласи дека, институциите ќе треба да оценат кој е во право, а ако сепак дојде до тоа да се одржат два конгреса, другите ќе треба да си регистрираат нова партија.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ