Ратификацијата на протоколот за НАТО ќе биде на 11 февруари

Ратификацијата на протоколот за членство во Северноатланската алијанса ќе биде на 11 февруари, соопшти денеска претседателот на Собранието Талат Џафери.

На седницата ќе бидат поканети премиерот Зоран Заев, лидерот на опозицијата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претставници од ПССЕ, Генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг, поранешни претседатели на републиката и Собранието и претседатели на соседните земји, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Грција и Бугарија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ