
Расте бројот на заразени здравствени работници
По вчерашната информација дека хируг на Клиниката за дигестивна хирургија бил потврден како позитивен на Ковид 19 , по што уште двајца здравствени работници се во самоизолација. Вкупниот број на здравствени работници во изолација од оваа клиника е 16 лица. Дјвајца се лекари, а останатите друг здравствен персонал. Здравствените работници во овој миг се изложени пред предизвик на столетието, максимално посветени на превенција на пациентите, поставувајќи се во првите редови, вели доктор Бухова.
Вистината во бројки е следнава на страната на министерство за здравство и на Институт за јавно здравје постои бројка од 25.000 здравствени работници. Во овој момент инфицирани симптоматски со лесна клиничка слика се 73 здравствени работници. Сметајќи ги сите ЈЗУИ и ПЗУ низ цела територија на Република Северна Македонија. Вклучително и медицинскиот кадар кој е работи во домовите за згрижување на повозрасни лица.
Во моментов Ковид центри се Инфективна клиника и Осми септември Клиничка болница Тетово и Клиничка болница во Битола. Во 8 септември до овој момент е дијагностициран Ковид 19 кај вкупно 15 здравствени работници.
Нина Стефанова