Економија Младите во недоумица дали ќе можат да патуваат за евтини пари во Европа
Расте бројот на странски туристи во Македонија, покажуваат бројките измерени од Државниот завод за статистика.
Мерењата покажале дека во првите шест месеци годинава, близу милион странци ја посетиле државата, а оствариле помалку од 3 милиони ноќевања.
Тоа е за речиси 16% повеќе од истиот период лани. Сепак, туристите од странство се концентрирани на само две локации од земјата и покрај големиот број природни богатства содржани во рекламите кои ги промовира државата.
За останатиот дел од 2018 година, од Агенцијата предвидуваат земјата да ја посетат уште 200.000 туристи, а сето тоа да донесе девизен прилив до 24 милијарди денари.
Интернет страницата „Macedonia timeless“ ќе се ребрендира, најави директорот, и ќе добие најсовремен гугл пристап со брзо пребарување. Воедно ќе биде дополнета со 350 текстови и 500 фотогорафии.
Изминатите денови актуелна е туристичката поврзаност на Македонија со европски дестинации, по случувањата со авиопревозникот Виз Ер. Оваа нискобуџетска авиокомпанија ги укина авионските линии од Скопје до Барселона од 26ти октомври и од Охрид до Лондон од 24ти октомври.
За ова свој став дадоа од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Возвратија и социјалдемократите, од каде што велат дека обезбедени се пари за евтини летови.
Летовите од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон ќе бидат функционални само во летната сезона. Наскоро, од Виз Ер соопштија дека ќе го објават летниот распоред за 2019 година и патниците ќе можат да ги планираат своите патувања надвор од Македонија.
Петар Догов



