Расте бројот на сомнителни трансакции

Управата за финансиско разузнавање примила 232 извештаи за сомнителни трансакции или 4 повеќе од 2016-та година. 229 се доставени со сомнение или обид за перење пари, а 3 со сомнение или обид за финасирање тероризам. Дури 177 од овие извештаи ги доставиле македонските банки. Најмногу или 2.359 извештаи доставиле адвокатите, речиси 2.000 друштвата за сметководство, а меѓу субјектите се и менувачниците, како и казината.

За предметите за кои од анализата се утврдени сомневања за друго сторено кривично дело освен перење пари или финасирање на тероризам, известување се доставува до надлежен орган во зависнот од природата на кривичното дело за кое постои сомневање.

„Управата до надлежните институции има доставено вкупно 35 извештаи, од кои 22 извештаи со сомнение за перење пари и 13 извештаи со сомнение за финансирање на тероризам, 197 известувања, додека 11 предмети се ставени во мирување, ад/акта откако по извршените проверки не се утврдени сомневања за сторено кривично дело.“

Управата доставила 30 информации за перење пари и финасирање на тероризам до надлежните институции на други држави, што е многу повеќе од 2016-та година кога биле доставени 19, или 9 во 2015.

Управата побарала и добила податоци од колегите во Кипар, САД, Велика Британија, Србија, Албанија, Маршалски острови. Бројките за пријавени сомневања за сторени кривични дела според експертите растат поради големиот број на трансакции кои треба да се проверат и достават до Управата за финансиско разузнавање, а во кои доминираат позајмиците. Според нив, нашето законодавство е премногу ригидно, а банките се должни да пријават зачестени приливи, трансакции со поголеми пари, сомнителен сопственик на сметка или дестинација.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ