
Расте бројот на предметите пред Европскиот суд за човекови права
Постојано е во пораст бројот на граѓани кои правдата ја бараат пред Европскиот суд за човекови права, а Македонија според бројот на жители е меѓу државите со голем број предмети во овој суд.
Иако дел од нив се отфрлаат поради строгите критериуми, загрижувачки е што меѓу оние кои се прифаќаат има предмети што се повторуваат и тоа за разни повреди-слобода на изразување, вероисповед, проблематични притвори, тортури, вели Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во судот во Стразбур.
-Недозволено е кога имаме предмети каде што Евопскиот суд за човекови права укажал на проблемите истите тие проблеми да се повторуваа и повторно Европскиот суд да наоѓа повреда на човекови права, вели Цаца Николовска.
Цаца Николовска вели дека проблеми има и во извршувањето на пресудите, а најпроблематични за извршување се предметите каде треба измени на законите. Европскиот суд го оценува и квалитетот на законите, но и дали правилно се применува постоечката законска регулатива.
Токму затоа исклучително е важно судската, законодавната и извршната власт да го коригираат своето однесување.
-Да не носат закони на брзина за кои после кратко време треба да се прават измени, амандманската распарава е многу комплицирана, обезбедување на мнозинсктво и така натаму. Сето зборува за еден проблем во Македонија кои што и натаму ќе биде оценуван од страна на Европската комисја со енгативни поени, вели Цаца Николовска.
Таа порача дека законите треба да бидат јасни, конкретни и ефективни, базирани врз националната и меѓународната легислатива.
Емилија Мисирлиевски