
Расте бројот на должници
Расте бројот на должници. На најновата т.н. листа на срамот на УЈП, се најдоа 4.530 правни и физички лица кои на државата и должат за данок на добивка, за ДДВ, неплатен персоналец и друго.
Од нив 2.134 или 30 повеќе од 2018 се правни лица, а 2.396 се граѓани што е за 50 повеќе од претходната листа на должници.
Вкупниот нето долг изнесува 164, 6 милиони евра што е за 1,5 милиони евра повеќе од претходната листа. Најголем е долгот за даноци и придонеси кој изнесува 162,2 милиони евра а долгот за царински давачки изнесува 2,43 милиони евра .
И на оваа листа топ должник е Отекс Охрид со 15,1 милиони евра долг а по него следат Ел Дон Кастиљо, Индустри Ал Астека и Мотор Коач. Во топ 5 должници се уште е ЈП Македонија Пат со долг од 5,2 милиони евра а подолу се ЈП за комунални услуги Гостивар, Тетово, Струга и Кавадарци. Листата на УЈП покажува дека долговите кон државата сеуште не ги платиле МРТ, Македонската Радиодифузија, Општина Карпош и Општина Охрид, потоа ЈП МЖ Инфраструктура, неколку спортски клубови, водостопанства, звучни имиња на адвокати и бизнисмени, ученички домови, приватни универзитети и болници, како и фирми загубари.