Расте бројот на банкротирани фирми во земјава

Вознемирувачка вест за домашната економија или нормална селекција на економските субјекти – расте бројот на банкротирани фирми во земјава. Народна банка во најновиот извештај за финансиската стабилност нотирала дека лани стапката на банкротирани фирми пораснала на 3,2 отсто, откако во 2016 била на ниво од 2,1 отсто. Порастот значи дека поголем број фирми отишле во стечај во минатата година.

Од друга страна, пак, се намалува и стапката на формираните нови компании.

Според бизнисмените, овој податок е причина за загриженост за економијата, ликвидноста на компаниите е намалена. Тоа е производ на долгогодишната политичка криза, но и на намалените очекувања за работа.

„Воопшто не е добра информацијата, мора да се размислува за подобрување на бизнис климата, и за полесно отворање, и за полесно затворање на бизнисите, за да може потоа полесно да им се даде втора шанса на компаниите. Се уште не може да се каже дека компаниите ги исполнуваат сите обврски, намалена е ликвидноста, намалени се многу економски параметри и компаниите не можат да следат континуирано и ликвидно работење“, вели Миле Бошков, Конфедерација на работодавачи.

И од стопанската комора на северозападна Македонија сметаат дека намалувањето на претприемачката иницијатива, втора година по ред, е резултат на тешката економска состојба која влаадее во земјава неколку години наназад.

„Но оваа престувава “аларм” за државата по однос на тоа какви политики и законски решенија нуди. Во оваа тешка состојба мора да се преиспитуваат рестриктивните законски обврски кои им се наметуваат на бизнисите преку воведување на низа административни постапки“, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Од комората сепак нагласуваат дека во земјава, во тек е и постапка за бришење на нефунцкионалните субјекти, кои со години не се ликвидни, па овие загрижувачки бројки се однесуваат токму на оваа државна иницијата, и помал дел на фирмите кои имаат потешкотии со ликвидноста.

Бошков, пак, укажува на уште еден момент, одредени компании не можат да се снајдат кога треба да функционираат законски.

„Има компании кои добро работеле во претходниот период, и немаат таква комуникација и такви контакти за да работат така и во овој период. И од друга страна, се затвора начинот за неусогласено функционирање, непочитување на законите, избегнување на даноци и слично. Некои компании и менаџери ќе сфатат дека нема да можат веќе така да работат и можеби е ред да сењ затворат“, вели Бошков.

Од комората на Северозападна велат дека во овој период генерално, фирмите немаат големи проблеми со ликвидноста, но моменталната макроекономска состјба, нискиот раст, а особено слабата реализација на капиталните инвестиции и застојот на проектите во инфраструктурата, имаат негативно влианије врз ликвидност на економијата во целина.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ