
Распределба на слободно државно земјиште
Дваесеттина земјоделци од Општина Карбинци бараат ресорното министерство да им го распредели слободното државно земјиште во нивните атари.
Според нив од ова земјиште ќе можат да егзистираат, но и мотивација младите сточари и земјоделците да останат во селата. Барањето им е распределбата да биде од три до пет хектари.
Станува збор за околу 500 хектари од кој дел е обраснато со трева и трње, а дел е и узурпирано. Градоначалникот на Карбинци смета дека сега е време да се распише тендерот за распределба, со што целата постапка да заврши до есенската сеидба
Надлежните од Mинистерството за земјоделство велат дека работат на решавање на случајот и барањата на земјоделците и сточарите од Карбинци.
Викторија Јованова