
Расправата за уставните измени да се префрли во Собранието
Секое одолговлекување на имплементацијата на Договорот од Преспа може дополнително да ја втурне државата во нова политичка криза, предупредува експертската јавност. Маргарита Цаца Николовска смета дека во овој момент неопходно е партиите да постигнат договор, а расправата за уставните измени да се префрли во Собранието, затоа што роковите течат.
Аналитичарот Владимир Божиновски вели дека ситуацијата е можне сложена затоа што она што референдумот требаше да го реши сега дополнително се искомплицира.
Предвремени парламентарни избори се нужност само доколку не се постигне компромис, но дилемата за експертите е дали ќе има бенефит од нив, ќе се стаса ли со роковите за уставните измени,кога тие би се одржале, затоа што за нивно спроведување треба да се формира техничка Влада 100 дена пред избори и правно изборите не може да се одржат на 25 ноември.
Јулијана Пешевска