
Расправа за предвремени избори само со договор за пржинска влада
Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за расправа во Собранието и за распишување на предврмени парламентарни избори ќе биде ставено на дневен ред само доколку партиите се договорат за пржинска влада, или ако 61 пратеник го поддржат ова барање. Ова го изјави спикерот Талат Џафери, на редовниот брифинг со новинарите.
Потврди дека во петок на 8 февруари ќе ги распише редовните претседателски избори кои треба да се оджрат на 21 април и на 5 мај.
Во петок, исто така ќе биде избрана и новата антикорупциска комисија. Најави дека доколку во вториот круг не се постигне цензусот од 40% излезност и не се избере претседател на државата, Џафери ќе ја преземе функцијата шеф на државата, и во рок од 6 месеци ќе бидат распишани нови избори. Како член на највисокото раководство на ДУИ, Џафери потврди дека синоќа биле отворени сите опции за заеднички претседателски кандидат. Можен е договор и со СДСМ, и со албанските партии.