Распишани меѓународни потерници за петмина осомничени за 27-ми април

Распишана е меѓународна потерница за петмина осомничени за упадот во Собранието од 27-ми април, кои се во бегство.

Полицијата ги бара Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и уште тројца, осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредкок. На сите им е одреден притвор, кој ќе стапи на сила, веднаш штом бидат пронајдени.

Во притвор во Шутка, за настаните од 27-ми април се 23-ца осомничени.

До апелација веќе се поднесени осум жалби за укинување на притворот. Од нив за четворица се бара јавна седница, меѓу нив и за притворот на Владо Јовановски, еден од учесниците во протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ