Раскол во ВМРО-ДПМНЕ пред конгресот во петок

Раскол во ВМРО-ДПМНЕ пред закажниот, вонреден Конгрес, за кој не се знае дали воопшто ќе се одржи. Истакнати членови сметаат дека Конгресот се користи за поддршка на еден кандидат. Високи функционери вчера преку писмо побараа Конгресот кој е закажан за овој викенд да се откаже,  да биде презакажан за 24 и 25 февруари.

Дотогаш бараат колективно раководство да ја води партијата. Неофицијално, причина за расколот е протисокот од Никола Груевски, за негов наследник да биде Христијан Мицкоски.

Филип Петровски, член на ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на партијата, синоќа во Ноќно Студио на Телма изјави дека целосно ги поддржува предлозите на потпишаните во писмото.

Според Петровски, фаворизираниот кандидат Мицковски нема поддршка од членството на партијата, а доколку се одржи Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ викендот во Валандово тој ќе биде нелигитимен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ