Рашковски: „Извинете до небо, но оставка не поднесувам“

Извинувања, објаснувања, најави за тужби и уверувања дека Македонија конечно ќе има модерен систем за навигација и безбедно небо беа клучните точки во излагањето на владиниот ген сек на  долгоочекуваната прес конференција по скандалот со аудио снимката од состанок во неговиот кабинет и тендерот за набавка на АТМ систем за контрола на летање.

Рашковски не чувствува одговорност поради кажаното во аудио снимката и навредите упатени кон етнички заедници и држави и нема да поднесе оставка но кажа дека жали и дека им се „извинува до небо“.

За дел од навредите кои се однесуваат на Италија, веќе пишуваа и неколку тамошни медиуми

Тој денеска презентираше низа документи кои се однесуваат на тендерот за набавка на АТНМ системот, неговото назначување да ги води преговорите и постапката за набавка, информации околу постапките на „снимачот“ сега разрешениот Чепуњовски, одложувањето на роковите и заклучоците на Владата кои се менуваа од месец во месец но и лекции по англиски и географија.

Според еден од документите, на 61 седница на Владата одржана во март 2018 година, донесен е заклучок со кој тој е задолжен да да организира состанок и средби по однос на кредиот од ЕБОР за модернизација на М-НАВ.

Клучното од адуио снимката, каде тој вели дека ќе се поништи една одлука на Владата и ќе се донесе друга Рашковски го оправда со постапка за ретендерирање поради цената на изградба на зградата во која би бил сместен новиот оперативен систем а која се наоѓа на земјиште кое е под концесија на ТАВ.

Сумата која ја дала италијанската фирма била на проверка кај Бирото за судски вештачења кое дало позитивно мислење и затоа повторно Владата донела нова одлука со која ја поништува претходната.

Сепак изградба на објектот сеуште не е почната.

Според информациите на Телма поништен е договорот со сопственикот на претходната локација и се уште не е избрана нова. Според нашите извори првата локација била неповолна затоа што била многу блиску до воената база.

Рашковски негираше дека било кој ќе добие провизија од склучениот договор објаснувајќи дека италијанската „Леонардо“ е во државна сопственост и со самото тоа се исклучува можноста „некој некому“ да дава награди.

Според Рашкоски, набавката на АТМ системот и кредитот од ЕБОР не се доведени во прашање иако рокот седум пати бил пробиван и менуван а година и половина се доцни со процедурата за реализација на проектот.

Првично било предвидено новиот систем и радар да бидта во функција летото 2020.

Рашковски најави десетина тужби за клевета против нопвинари и членови на опозицијата за клевета и додаде дека што точноп и како било кажано на фамозниот состанок ќе се утврди во текот на судската постапка.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ