Расчистена депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ заврши со активностите за расчистување и санирање на дивата депонија кај месноста „Мауцкер“ во непосредна близина на градот.

Со активностите на терен извршено е порамнување на површина од 16 илјади метри квадратни со градежен шут и тампонирани се седум илјади метри квадратни со 2,5 илјади метри кубни квалитетна земја. Дел од градежниот шут околу пет илјади метри кубни е дислоциран на друга локација во рамки на депонијата.

Од „Охридски Комуналец“ информираат дека во иднина локацијата тековно ќе се одржува односно ќе се следи ситуацијата за да се спречи повторно одлагање отпад на тоа место.

Средствата за расчистување на депонијата од два милиони денари ги обезбеди Општината Охрид преку проект финансиран од ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ