Ден Дончев најави замена за Раниталот на позитивната листа лекови

Ранитал таблети и ранитидин шумливи таблети чиј производител е Лек Скопје и Хемофарм се повлекуваат од промет.

Од Агенцијата за лекови им препорачуваат на пациентите да се обратат кај својот лекар или фармацевт и да побараат заменски лек.

На барање на Европската Комисија започната е проценка на сите лекови кои содржат ранитидин како активна супстанција откако е детектирано присуство на нитрозамини, кои се класифицираат како веројатни хумани канцерогени материи, односно супстанции што можат да предизвикаат карцином.

Директорот Ден Дончев во вечерашната Топ Тема на Телма рече дека за овој лек на позитивната листа ќе има замена.

Изминативе денови и соседна Србија исто така ги тргна од промет ваквите лекарства.

А викендов најголемиот синџир на аптеки во Америка, CVS го ја суспендираше продажбата на лекот Zantac, како и други производи што содржат ранитидин, бидејќи се испитува дали содржат канцерогени честитки. Пациентите беа повикани да го вратат лекот во аптека и ќе им бидат вратени парите.

Во 2018 година, нитрозамините биле детектирани во лекови за третман на покачен крвен притисок познати како „сартани“, што довело до повлекување на некои од нив и повторна проценка на ниво на ЕУ, со што се утврдени нови строги барања за производство на овие лекови.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ