
Рамковниот договор ќе ги прекине соништата за федерализација?
Со вметнувањето на Рамковниот договор во Преамбулата на Уставот ќе прекинат соништата за федерализација на државата. Неговите принципи можат да бидат од големо значење за внатрешната стабилност на државата. Вака професорот Светомир Шкариќ, во синоќешната Топ тема, го оцени владиниот амандман со кој владата предлага промени во Преамбулата.
Дел од аналитичарите, пак, сметаат дека овој амандман нема значење за Договорот од Преспа и служи само за задоволување на желбите на коалициониот партнер.
Премиерот, пак, е убеден дека, со овој амандман ќе се намалат и внатрешните етнички конфликти кои ги има и по 17 години од потпишувањето на Договорот. Последниот таков инцидент се случи во неделата во Тетово, каде навивачите на Шкендија демолираа се` пред себе, скандираа УЧК и извикуваа националистички пораки, навредливи за Македонците.
Доколку биде изгласан амандманот, Охридскиот рамковен договор во Преамбулата ќе стане конститутивен елемент на државата, заедно со Крушевската република и 8-ми септември.
Далиборка Дамјанска Цветановска
https://youtu.be/NSw4gD0OTm8